Крушевчани ги оживуваат традициите пред гостите и туристите
Крушево е полно со гости и туристи за Илинденските празници. Се организираат манифестации, а градот воспоставува и една нова. „Старата крушевска чаршија“. Со специјалитети, музика, муабет и потсетување на некогашното традиционално живеење. И за време и пред Илинденското востание...

Крушевски специјалитети, седенка, традиција, култура. Крушево во пресрет на Илинден ги претставува своите незаборавни традиции, дружењето, соживотот, пред и за време на Илинденското востание. Се одржа манифестацијата „Старата крушевска чаршија“.
Крушевчани со срдечно добредојде за бројните гости и туристи за време на Илинденските празнувања објаснувајќи им ја традицијата.
Манифестацијата сака да ја оживее чаршијата и е во рамките на Крушево-град на културата и во пресрет на Илинден. За празниците, сите капацитети се полни со гости и туристи.
Елизабета Митреска
