Македонската помош за БиХ тргнува денеска
Амбасадорот Здравко Беговиќ со благодарност до донаторите и апел: Состојбата е многу тешка, потребни се големи количества храна, вода и средства за хигиена...

Конвојот со хуманитарна помош за Босна и Херцеговина тргнува денеска. Амбасадорот Здравко Беговиќ со благодарност до донаторите и апел: Состојбата е многу тешка, потребни се големи количества храна, вода и средства за хигиена.
„Кога е збор за храната, би замолил да биде храна која не ќе биде потребно термички да се обработува, бидејќи во поплавените подрачја сеуште не е пуштена електрична енергија, така што на тој начин би можело да се случат уште повеќе штети. Инаку 24 часа сме во контакти, актвини сме многу на социјалните мрежи, одговарамае на повиците на Македонските граѓани“, изјави амбасадорот Беговиќ.
