Постигнат договор со жителите на Слупчане, ЕВН ќе ја реконструира мрежата
Екипи на електродистрибуција ќе почнат со реконструкција на мрежата, откако компанијата доби гаранции од локалната власт и политичките партии. Ова следува, откако Слупчане и Оризари останаа без струја, па револтирани жители упаднаа во простории на ЕВН…

Жителите на Слупчане и ЕВН постигнаа договор. Мрежата ќе се реконструира. Населеното место, како и соседното село Оризаре, по 30 часа добија струја.
Поради самостојни интервенции на мештаните беа предизвикани дефекти во неколку села, но и на граничниот премин Табановце. Проблемот за брзо беше надминат, не предизвика дополнителен застој на најфреквентниот премин во земјава.
Како што информираат од ЕВН, гаранции се дадени од локалната власт и од страна на сите политички партии. Наредната недела во организација на министерот за економија и градоначалникот на Липково, ќе се одржи состанок во општина Липково на кој ќе се договорат сите детали за организацијата и реализација на проектот и со работа на терен ќе се започне од 9-ти август, годинава.
