МВР
Претрес во Ѓорче Петров, пронајдена дрога, приведен дилер
28.07.2023 10:05
Денеска, во 06.30 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Б.(41) од Скопје...

Денеска, во 06.30 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Б.(41) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и две дигитални ваги.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
