Партиите со осуда на убиството во Ѓорче Петров

20.05.2014 15:26

МВР денеска објави дека е уапсен 19-годишникот за кој постои сомнение дека го извршил убиството...

Убиството на младиот Ангел Петковски не е ниту од етничка, ниту од верска побуда – станува збор за криминален чин што ја покажува охрабреноста на крадците да убијат кога некој се обидува да го заштити сопствениот имот, вели лидерот на ГРОМ, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.

ГРОМ  бара Владата итно да направи измени на законските решенија со кои ќе се зголемат овластувањата на полицијата во прогонот и спречувањето на криминалот, но, во истовреме, да се зголемат драстично санкциите за криминалците кои очигледно „хараат“ низ Република Македонија.

Демократската обнова на Македонија – ДОМ, пак, ги повика институциите што поскоро да ги изведат пред лицето на правдата сторителите на бруталниот чин во ЃорчеПетров.

„Како граѓани мораме да покажеме висок степен на толеранција и верба во капацитетите на институциите дека ќе се справат брзо и ефективно со девијантните појави, зашто од ДОМ имаат поддршка. Истакнуваме дека и во овие тешки моменти, единствениот пат кој е вистински е онојна правдата, правото и мирот. На агресијата и насилството не смее да биде вратено со насилство и агресија, а  чувството на гнев не треба да ја потисне рационалноста на граѓаните“, вели портпаролот на ДОМ Тони Ристов.

ДОМ бара од политичките фактори воМакедонија едногласно да го осудат убиството и да се заложат за смирување на состојбата, која, велат, може да ескалира.

МВР денеска објави дека е уапсен 19-годишникот  за кој постои сомнение дека го извршил убиството, а се работи и на целосно расветлување на случајот.Уште 18 лица, меѓу кои и 5 малолетници, биле уапсени заради немирите што избувнаа потоа во Ѓорче Петров.