Светски ден за борба против хепатит
Раната дијагностика – клучна за справување во борба против хепатитисот-велат лекарите. По повод Светскиот ден за борба против хепатитисот кампања за подигнување на свеста на населението за оваа болест. Во моментов од Хепатит ц се лекуваат на 63 пациенти...

Раната дијагностика клучна во превенцијата и лекувањето со хепатитот. Во моментов во земјава од хепатит Ц се лекуваат 63 пациенти, а во секое време на листа за чекање за дијагноза се околу 15 до 16 пациенти. Од Здружението на пациенти побараа ревидирање на позитивната листа на лекови, како и забрзување на времетрањето на преминот од примарно до секундарно здравство.
Освен најава дека во тек се подготовките министерот за здравство Фатмир Меџити и натаму без конкретен одговор кога ќе заврши целата процедура за ставање на нови лекови.
Подигање на свеста преку бројни активности на одбележување на Светскиот ден на борба против хепатитисот, со цел да се спречи и дискриминацијата на овие пациенти – велат од здружението на пациенти.
Хепар „Центар“, од Битола најавуваат отворање на прв Црнодробен центар, кој ќе биде опремен со современа дијагностика и терапија, што ќе овозможи да се зголемат шансите за лекување и подобрување на квалитетот на живот на пациентите.
Марина Стојанова Тонева
