Уставни измени

Ковачевски: Станува збор за технички измени во Уставот кои не задираат во идентитетските прашања

28.07.2023 14:16

Уставните измени не задираат во ниту едно идентитетско прашање, тврди премиерот Ковачевски. Вели, досега во јавноста никој немал забелешка за уставните амандмани. Мицкоски дециден, Џафери потврди оти во Собранието нема двотретинско мнозинство за уставни измени...

Уставните измени се технички и не посегаат во идентитетските прашања, коментира премиерот Ковачевски, потенцирајќи дека во Македонија не може странци да ни ги завршуваат работите, туку тоа е обврска на нашите политичари. Тогаш, кога ќе заврши скринингот, ќе се чека зеленото светло и за уставните измени, ако пред тоа не бидат донесени, вели шефот на македонската Влада, негирајќи дека ќе има повторно договарање на преговарачката рамка.

Спикерот Џафери потврди дека во Собранието нема две третини од пратениците кои ќе гласаат за уставни измени, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој директно возврати на прозивката од премиерот Ковачевски.

Тоа што собранискиот спикер го посочи како реалност е дека, доколку до затворање на пленарката за уставни измени не се обезбедат гласовите на 80 пратеници, тогаш гласањето ќе биде одложено до создавањето на позитивната клима во македонскиот законодавен дом.

 

Миле Ристески