ЕУ

Маричиќ: Европската унија врши длабинска анализа за функционирањето на Судскиот совет

28.07.2023 14:42

Европската унија прави длабинска анализа за функционирањето на Судскиот совет. Очигледно е дека имало проблеми во поставеноста на институцијата, вели вицепремиерот Маричиќ. Потврди – досега имало десетина мисии на Европската унија со кои се скенирани процесите за борбата со корупцијата и организираниот криминал...

Мисијата за оценување на ЕУ за судскиот совет е длабинска анализа за функционирањето на ова највисоко тело во правосудството, зашто очигледно е дека имало проблеми во поставеноста на оваа институција во системот, смета вицепремиерот Маричиќ. Тој потврди дека досега имало десетина вакви мисии од ЕУ за набљудувањето на процесите во борбата со организираниот криминал и корупција, во работата на академијата на судии и обвинители и за анализа на функционалноста на регулаторните тела.

Секретаријатот за европски прашања овој период ќе го искористи за подготвување на патоказите за владеење на правото, реформи во јавната администрација и за функционалноста на институциите кои се дел од првиот кластер поглавја што треба да бидат отворени откако ќе биде завршен скринингот и усвоени уставните измени. Главниот преговарач со ЕУ, Маричиќ, не очекува Бугарија да стави ново барање на масата.

Доколку успееме да ги завршиме нашите обврски, мислам дека Бугарија ќе нема кредибилитет да вади какви било барања или причини. Ако има такво нешто, земјите членки ќе извршат притисок да се тргне тоа од масата. Мислам дека и кај новата бугарска влада има голема волја да продолжиме понатаму – рече Маричиќ.

 

Игор Панов