Иванов телефонски разговорал со Јосиповиќ и Комшиќ
Претседателот Иванов ја истакнал подготвеноста на Република Македонија да понуди помош и да ги стави на располагање своите расположливи ресурси со цел справување со последиците од невремето...

Претседателот Иванов денеска остварил телефонски разговори со претседателот на Република Хрватска, Иво Јосиповиќ и со членот на претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, во кои изразил жалење за изгубените животи и настраданите во невремето и поплавите кои ги зафатија двете земји.
Претседателот Иванов ја истакнал подготвеноста на Република Македонија да понуди помош и да ги стави на располагање своите расположливи ресурси со цел справување со последиците од невремето.
Членот на босанското претседателство, Комшиќ во телефонскиот разговор посочил на ургентната потреба за помош во лекови и санитарен материјал.
Соговорниците се согласиле дека е неопходно засилување на регионалната соработка и координирана акција во справувањето со природните несреќи и катастрофи, кои се во се поголем пораст, а со цел нивна превенција и ублажување на последиците.
