Промоција на книга

Книгата на Иван Тропски – неисцрпен извор на податоци за петдецениската дејност на нашите сонародници од Сиднеј

28.07.2023 14:52

Книгата на авторот Иван Трпоски е резултат на 45 години работа и активности. Според академик Љупчо Коцарев, трагедијата на Македонците во 19 век, најверно се отсликува во ликот и делото на Прличев – вториот Хомер...

Македонците од дијаспората не ја прекинуваат врската со матицата и го чуваат запалено оганчето за македонскиот јазик, историја и култура преку влевање и подучување на љубов кон Македонија, дури и кај најмладата генерација Македонци на австралискиот континент, дури и на 20.000 километри оддалеченост.

Според академик Љупчо Коцарев, трагедијата на Македонците во 19 век, најверно се отсликува во ликот и делото на Прличев – вториот Хомер. Тој иако говори и пишува на бугарски, српски и грчки јазик, знае дека ниеден од тие јазици не е неговиот јазик и неговата звучна татковина. Неговата јазична татковина е Македонија.

Книгата на авторот Иван Трпоски е резултат на 45 години работа и активности и со својата енциклопедиска содржина претставува неисцрпен извор на податоци за петдецениската дејност на нашите сонародници од Сиднеј, Австралија.

 

Александра Спировска