Пет големи јубилеи на илинденско Крушево
Крушево пред Илинден е во знакот на пет големи јубилеи. Одбележува 120 години од Илинденското востание, исто толку од раѓањето на Никола Мартиновски, се навршуваат 50 години од неговата смрт и 55 години од отворањето на Галеријата Мартиноски. Годинава се навршуваат 70 години откако останките на претседателот на Крушевската република, Никола Карев се донесени во Крушево што било повод да се отвори историскиот музеј...

Крушево пред Илинден одбележува пет големи јубилеи кои треба да ја активираат колективната меморија за значајните национални обележја. Со дваесет паноа и повеќе од 300 архивски документи и фотографии за Илинденскиот период, материјали од архивските фондови на Истанбул, Белград и Софија, на први август пред Македониумот, државниот архив ќе потсети на големиот јубилеј – 120 години Илинденско востание.
120 години се и од раѓањето на големиот уметник Никола Мартиновски, 50 години од неговата смрт и 55 години од отворањето на Галеријата во Крушево, еден од шесте музеи. Галеријата ја чува збирката од 62 дела на Мартиноски, единствена најголема со негови дела на едно место и за првпат ќе издаде обемен каталог.
Точно пред 70 години останките на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев се пренесени во Крушево, од Рајчани Кочанско каде бил убиен.
Елизабета Митреска
