Со нож прободен началникот на струшката полиција, напаѓачот приведен
Денеска околу 19 часот во Струга од полициски службеници од ОВР Струга е лишено од слобода (44) годишно лице од струшкото село Велешта, кое околу 17.30 часот на улицата „Ристо Крле“ со остар предмет го нападнал А.Д.(46) од Струга...

Попладнево со нож избоден началникот на струшката полиција. Напаѓачот бил од селото Велешта, кој во центарот на Струга околу 17 30 часот го избодел началникот со нож во пределот на вратот. Тој е надвор од животна опасност, хоспитализиран во струшката болница. Лекарите велат, се работи за тешки телесни повреди, рана од 12 сантиметри, која е санирана. Од СВР Охрид, со кусо соопштение информираа за настанот. Напаѓачот е приведен.
„Денеска околу 19 часот во Струга е лишен од слобода С.Н. (44) од струшкото село Велешта, затоа што на улицата „Ристо Крле“ во Струга со остар предмет го нападнал А.Д.(46) од Струга. А.Д. е пренесен во Општата болница во Струга каде му се констатирани тешки телесни повреди. Против напаѓачот, во координација со јавниот обвинител ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, стои во соопштението на СВР Охрид.
