Временска прогноза

Сончево до мала облачност

29.07.2023 08:21

Времето денес ќе биде сончево, попладне се прогнозира да има мала до умерена локална облачност...

Времето денес ќе биде сончево, попладне се прогнозира да има мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Индексот на ултравиолетово зрачење ќе биде висок и ќе изнесува 9.Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб променлив ветер.

Минималните температури ќе се движат од 12 до 18 степени, а максималните од 27 до 36 степени.