Битола

На битолскиот пазар на недвижности повеќе се купува стан отколку куќа

29.07.2023 08:48

Битолскиот пазар на недвижности говори дека последниве десетина години навиките се менуваат. Поновите генерации повеќе преферираат да купат стан наместо куќа во која дополнително би инвестирале и постојано би се грижеле за нејзино одржување. Повозрасните со став станот е убав но куќата со дворно место нуди поголема слобода. Од Агенциите за недвижности велат повеќе има слободни куќи отколку станови...

Актуелните состојби на битолскиот пазар на недвижности говорат дека навиките и традицијата со позасилено темпо се менуваат кога е во прашање инвестицијата во решавањето на станбеното прашање.

Статистиките на агенциите за недвижности велат дека помладите генерации се со поинакви визии.Побрзо се одлучуваат за нов или добро сочуван постар стан отколку да купат куќа која е со заштитени фасади и нема армирани бетонски плочи а сето тоа бара дополнителни инвестиции и трошоци за одржување.

За разлика од поновите генерации повозрасните сè уште предност им даваат на старите навики.

Сепак пазарот на недвижности го диктираат новите навики. Во зависност од местоположбата цената на становите се движи од 1.000 до 1.200 евра за квадрат. Оние со подлабок џеб влегуваат сами во градба на нова куќа од темел. Празните куќи во периферните населби и понатаму како главен адут ќе им остане поголемата квадратура но за пониска цена.

 

Стевче Митрески