Путин потпишал договор за воена соработка со 40 земји африкански земји
На средбата со лидерите на африканските земји изјави дека и покрај намерата на западните земји да дејствуваат исклучиво во свои интереси во секој меѓународен конфликт, Русија е подготвена да бара начини за мирно решавање на ситуацијата...

Рускиот претседател Путин со жестока реторика кон западните земји поради ситуацијата во Украина. На средбата со лидерите на африканските земји изјави дека и покрај намерата на западните земји да дејствуваат исклучиво во свои интереси во секој меѓународен конфликт, Русија е подготвена да бара начини за мирно решавање на ситуацијата.
„Веруваме дека проблемот не се појави вчера. Тој беше испровоциран од одредени сили на Запад, кои со години подготвуваа хибридна војна во нашата земја, правејќи се за да ја претворат Украина во алатка за поткопување на руската безбедност, да ја нарушат позицијата на Русија во светот“, изјави Владимир Путин-претседател на Русија.
На самитот со Африканските лидери Путин, вети отпис на долгови и жито за земјите кои се загрозени по запирањето на Црноморската Иницијатива.
