Австралија

Австралија ќе произведува ракети за САД

29.07.2023 09:32

Австралија ќе произведува ракети за САД, потврди австралискиот министер за одбрана Ричард Марлс...

Австралија ќе произведува ракети за САД, потврди австралискиот министер за одбрана Ричард Марлс. На состанокот со американскиот државен секретар Блинкен потврдено дека тоа ќе се случи откако Вашингтон ќе и помогне на Канбера да започне сопствено производство.

Во меѓувреме во тек е потрагата по четворица членови на екипажот откако австралиски армиски хеликоптер падна во водите крај брегот на државата Квинсленд за време на големите заеднички воени вежби со Соединетите држави. Хеликоптерот од вежбата „Талисман Сабја“ се урна во близина на островот Хамилтон, туристичко одморалиште на Големиот корален гребен.

Спасувачки хеликоптер пријавил дека забележал остатоци во близина на еден остров.