Уставни измени

Османи: Обидот за политички поени од инцидентот меѓу навивачите на Шкупи и Левски им штетат на односите меѓу Македонија и Бугарија

29.07.2023 12:08

Обидите да се добијат политички поени од инцидентот меѓу навивачите на Шкупи и Левски им штетат на односите меѓу Македонија и Бугарија, смета министерот за надворешни работи. Османи информираше дека преку каналот за пријавување говор на омраза, МНР реагирало на навредите во песна на Бугарска телевизија. За двотретинско мнозинство за уставните измени фалат 8 пратеници, рече Османи. Тврди дека гаранциите се во преговарачката рамка и дека никаде во поглавјата не е протоколот со Бугарија...

Гаранциите се во преговарачката рамка со Европската унија. Не постои ниту едно поглавје со кое е опфатен договорот или протоколот со Бугарија, што значи дека по уставните измени ќе нема нови барања од бугарска страна, уверува министерот за надворешни работи. Османи вели дека до сега не слушнал негодување околу текстот на амандманот за внесување на други народи во највисокиот правен акт. според него, осум пратеници недостасуваат за двотретинско мнозинство.

Цел на хибридниот политички бизнис центар е да го ослабне албанскиот политички блок во земјава – констатира Османи, тврдејќи дека тие луѓе целат и кон меѓусебна неказнивост и заштита на имотот стекнат од приватизацијата. Одбива да соопшти имиња иако вели дека му се познати.

Првиот дипломат посочи дека во однос на Бугарија, Министерството реагирало по каналот за говор на омраза до бугарските колеги за емитување бугарска песна со исклучително навредлива содржина за македонскиот народ и држава. Експертските групи на двете министерства одржале состанок во насока на затоплување на односите, а за инцидентите од фудбалскиот натпревар Шкупи-Левски, Османи со став дека спортското хулиганство не треба да се политизира, што негативно влијае на односите меѓу Скопје и Софија.

 

Миле Ристески