Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 100. годишнината од раѓањето на народниот херој Чеде Филиповски – Даме
Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше и се обрати на одбележувањето на 100. годишнината од раѓањето на народниот херој Чеде Филиповски – Даме, што се одржа во селото Никифорово.

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше и се обрати на одбележувањето на 100. годишнината од раѓањето на народниот херој Чеде Филиповски – Даме, што се одржа во селото Никифорово.
Во рамки на одбележувањето на годишнината, претседателот Пендаровски положи цвеќе пред бистата и спомен чешмата посветена на нашиот народен херој и го посети спомен домот на Чеде Филиповски – Даме.
Воедно, Претседателот го проследи адаптираниот документарен филм „Народен херој Чеде“ и присуствуваше на отворањето на изложбата „За Чеде и за Никифорово“ на која беа поставени 100 уметнички дела на авторот Ацо Филиповски.
