Грција

Се намалува интензитетот на пожарите во Грција

29.07.2023 17:26

Се намалува интензитетот на пожарите во Грција. Противпожарните служби велат дека и натаму се во состојба на готовност поради најавениот силен ветер...

Се намалува интензитетот на пожарите во Грција. Противпожарните служби велат дека и натаму се во состојба на готовност поради најавениот силен ветер.

Стотици пожарникари се борат со пламените јазици на островите Родос, Крф и Евија, како и со новиот фронт што избувна во централна Грција бидејќи топлотниот бран зафати големи делови од Медитеранот.

Грчкиот министер за одбрана наредил истрага за пожарот што зафати складиште за муниција на воздухопловните сили.