Отповикан македонскиот амбасадор во Јапонија, Горан Цеков
Амбасадорот Горан Цеков е отповикан од функцијата амбасадор во Јапонија, акредитиран и за република Кореја, на барање на владата, а согласно законот за надворешни работи – соопштуваат од кабинетот на претседателот Пендаровски...

Амбасадорот Горан Цеков е отповикан од функцијата амбасадор во Јапонија, акредитиран и за република Кореја, на барање на владата, а согласно законот за надворешни работи – соопштуваат од кабинетот на претседателот Пендаровски. Во однос на поведената процедура за неговото предвремено отповикување, како и причините за истата, ве упатуваме за повеќе детали да се обратите во Министерството за надворешни работи, велат од оттаму.
Според МНР согласно законските надлежности и интерните процедури, комисијата во рамките на министерството му препорачала на министерот за надворешни работи, да ѝ предложи на владата повлекување на досегашниот амбасадор на Република Северна Македонија во Јапонија, врз основа на член 3 од уредбата за утврдување на работи кои се сметаат како незадоволителни резултати и работи со кои им се причинува штета на интересите на државата во работата на амбасадорот.
Владата го прифати предлогот на министерот по што, претседателот на државата го потпиша указот за отповикување, којшто беше објавен во службен весник – стои во соопштението од МНР.
