Итната помош од Велес со полни раце работа поради високите температури
Лекарската екипа на Итната помош од Велес месецов со зголемен обем на работа и со прегледи, со домашни посети, но и со сообраќајки по автопат, пред сè поради замор на странците кои патуваат на одмор …

Високите температури и екстремно топлиот бран, влијаеја врз здравствената состојба на пациентите, на територијата која ја покрива Итната помош од Велес. Службата две седници е соочена со зголемен обем на работа. Ако во месец мај имало 1.500 прегледи, плус 650 домашни посети, за 25 дена од јули имало 1.620 прегледи и 480 посети. Најчесто пациенти се повозрасната категорија граѓани и хронично болните.
Итната помош од Велес покрива територијата на три општини, освен Велес – Градско и Чашка, со голема површина. Интервенира и до час и повеќе оддалечените села Ореше, Папрадиште, Подлес, Нежилово. Покрива голем дел од автопатот Табановце – Гевгелија од Катланово до Градско, каде летово поради замор се случија бројни сообраќајки, некои и со фатални последици по патниците, пред сè странци.
Изминатите десетина дена температурата во Велес во ударните термини од 13 до 16 ч. се движеше над 40 степен, највисоката беше измерен на 22-ри јули 41,2 според УХМР, а на 25-ти јули Велес со 40,9 степени беше најтопол град во Македонија. Овие температура освен по здравјето влијае и на енормно зголемена потрошувачка на вода, која за месец јули според ЈКП Дервен достигна до 260 л/сек, што е за двојно повеќе од претходните месеци.
Петар Печков
