Струга

Зголемен бројот на пожари во струшко

30.07.2023 09:10

Зголемен бројот на пожари во струшко. Противпожарната единица само овој месец имала 15 поголеми интервенции на терен. Најчесто се работи за шумски пожари или спалени земјоделски површини. Од противпожарната единица Струга велат зачестените пожари се должат на високите температури и невниманието на жителите...

Зголемен бројот на пожари во струшко. Противпожарната единица само овој месец имала 15 поголеми интервенции на терен. Најчесто се работи за шумски пожари или спалени земјоделски површини поради палењето на стрништа.

Струга има 40 пожарникари, четири опремени противпожарни кои покриваат терен од над сто илјади жители. Од пожарната велат, зачестените пожари се должат на високите температури и невниманието на жителите.

„Има овој месец, летно време а ние знаеме кога иде летно време имаме повеќе пожари. По стрништа, по шумски пожари. Приближно само овој месец досега има петнаесет пожари и тоа шумски пожари и по стрништа“, вели Фети Мазар командир на ТППЕ Струга.

Изминатава недела беа спалени седум деловни објекти во центарот на Струга, огнените јазици се гаснеа цели осум часа. Од противпожарната единица апелираат на поголемо внимание.

Противпожарната единица во Струга има сензорен систем за детектирање на пожари. 24 часовен мониторинг за брзо откривање и следење на пожарите во непристапни терени, шумски појаси, во селата и во градот.

 

 

Соња Рилковска