Пожари

Локализирани пожарите кај Неготино и Демир Капија

30.07.2023 10:09

Локализирани пожарите кај Неготино, во месноста „Гоцева шума“ и кај Демир Капија. Дејствуваа авион на Дирекцијата за заштита и спасување и хеликоптери на МВР. Во пожарот кај Неготино била зафатена борова шума на површина од 10 до 15 хектари...

Локализирани пожарите кај Неготино, во месноста „Гоцева шума“ и кај Демир Капија. Дејствуваа авион на Дирекцијата за заштита и спасување и хеликоптери на МВР. Во пожарот кај Неготино била зафатена борова шума на површина од 10 до 15 хектари.

Полицискиот хеликоптер со ведро од 3 тона дејствуваше во три наврати врз пожарот во месноста Мал Раковец во Демир Капија-информираа од Центарот за управување со кризи. Во текот на ноќта противпожарните екипи дежураа и на двете локации.

Допрва ќе се утврдуваат причините за пожарите. Од ЦУК не сакаат да шпекулираат, но како што вели директорот Ангелов, доколку МВР утврди намера, ќе мора да се преземат санкции. Од ЦУК информираат дека во последното деноноќие имало 17 пожари на територијата на целата држава. Горела претежно ниска шума, стрништа, нискостеблеста вегетација и борова шума-информира ЦУК.