Грција
Во Грција изгореа 50.000 хектари шуми и вегетација, ризиците од нови пожари растат
30.07.2023 12:15
Пожарникарите ставија под контрола неколку шумски пожари во близина на античкиот локалитет Олимпија на западниот полуостров Пелопонез...

Ризикот од нова огнена стихија во Грција и натаму е голем. Пожарникарите ставија под контрола неколку шумски пожари во близина на античкиот локалитет Олимпија на западниот полуостров Пелопонез.
Управата за цивилна заштита издаде предупредување дека второто највисоко ниво на опасност од пожар е на сила во многу региони. Досега во пожарите изгореа 50 илјади хектари шуми и вегетација.
Бизнисите и фармите на островите Крф и Родос, вториот по големина грчки остров Евија, и руралната област во близина на Волос, во централна Грција претрпеа најголема штета.
