Возила во неколку колони чекаат на преминот „Богородица“
И денеска гужви на граничниот премин Богородица. Преку видеокамерите достапни на сајтот на Јавното претпријатие за државни патишта може да се забележат пет колони со автомобили и една со камиони на граничниот премин, каде се чека околу 45 минути за излез од земјава и влез во Грција...

И денеска гужви на граничниот премин Богородица. Преку видеокамерите достапни на сајтот на Јавното претпријатие за државни патишта може да се забележат пет колони со автомобили и една со камиони на граничниот премин, каде се чека околу 45 минути за излез од земјава и влез во Грција.
Вчера биле регистрирани близу 20 илјади туристи. Од нив, околу 7 илјади се македонски, а останатите странски државјани кои за минување на границата во просек чекаат по околу 30 минути. Од граничниот премин уверуваат дека прават максимални напори да се намали времето на чекање поради што во функција се ставени сите човечки и технички ресурси.
И на Табановце, за влез во земјава се чека околу 45 минути, поради зголемена фреквенција на возила во овој период од годината. На останатите гранични премини нема метеж од возила. Овој бран на туристи се очекува да продолжи и во наредните неколку денови, а проценките се дека пикот ќе биде за 2-ри август кога вообичаено голем број граѓани, слободниот ден за празникот, го минуваат во некое од туристичките места во Грција.
