Во Прилеп се одржува Светски куп на трки со дронови
Прилеп и Македонија се домаќини на Светскиот куп на трки со дронови. Новата технологија која зема замав и има широка примена, за спортистите не е лесна, само 100-тина се најдобри на светот и ќе донесе нови стручњаци во авио и индустриската и високата технологија. Македонија по 7-ми пат е домаќин на светски куп и е на мапата на Меѓународната воздухопловна федерација...

Брзина, концентрација, виртуелно следење, технологија. 13 натпреварувачи од земјава и од Србија, Бугарија, Чешка во Прилеп се натпреваруваат да бидат најбрзи, највешти и најдобри со новите технолошки и скапи дронови.
„Овој спорт ме прави да се чувствувам добро, концентриран сум. Дроновите имаат широка примена, на пример во агрикултурата и не може да речеме дека се само за добро или лошо“, изјави Антони Георгиев, Бугарија.
„Со дроновите сум три, а се натпреварувам две години. Ме привлекува електрониката. Овде условите се одлични“, рече Милош Урошевиќ, Белград.
Спортот со дронови ги дава и идните стручњаци во високата технологија, авио и вселенската индустрија
„Многу е битно да се биде најбрз. Има сложени процеси, ова е и наука зашто учиш како дронот најдобро да лета според личните можности како пилот“, рече Сотир Лазарков, меѓународен судија, Бугарија.
Македонија е во 10-те држави која организира светски купови во трките со дронови и е на мапата на Воздухопловната федерација. Купот е по седми пат и досега учествувале преку 150 спортисти од светот.
Светското првенство на трки со дронови ќе се одржи во Јужна Кореја каде е речиси национален спорт.
Елизабета Митреска
