Кошарка плеј – оф

Лирија – МЗТ Скопје в четврток!

20.05.2014 16:32

Причините не се спортски, но вториот натпревар од полуфиналната кошаркарска плеј - оф серија меѓу Лирија и МЗТ Скопје е одложен.

На барање на Министерството за внатрешни работи, Македонската кошаркарска федерација го презакажа дуелот за в четврток. Одлуката е превентивна за да се спречат евентуални инциденти како реакција на вчерашниот настани во Ѓорче Петров.

Работнички пак е на победа до 18-то плеј оф финале. 14- кратниот шампион славеше дома во првиот меч и го префрли притисокот врз кошаркарите на Кожув. Во четвртиот сезонски дуел на израмнетите по квалитете екипи, предноста на Кожув е домашниот паркет. И кожув и Работнички триумфираа во суперлигашките дуели во својата сала, но гевгеличани овојпат немаат право на грешка. Само со триумф Кожув може да обезбеди полуфинална мајсторка в петок во „Градски парк“ во Скопје.

Преносот од вечерашниот натпревар од Гевгелија ќе биде на МРТ собранискиот сервис во 19 часот и 30 минути.