Регион
Невреме во Хрватска, се очекува и во Србија
30.07.2023 17:28
Хрватска одново е погодена од силно невреме. Изобилни врнежи од дожд проследени со силен ветар и грмотевици го зафатија регионот на Риека...

Хрватска одново е погодена од силно невреме. Изобилни врнежи од дожд проследени со силен ветар и грмотевици го зафатија регионот на Риека.
Голем број улици се под вода. Слична е состојбата и во Загреб. Државниот хидрометеоролошки завод предупреди дека невремето се поместува од запад кон исток.
Српскиот Републички хидрометеоролошки завод издаде предупредување за временски непогоди. Невреме се очекува денеска и утре во неколку региони.
