Сообраќај

МВР: 154 санкционирани возачи во Скопје

31.07.2023 08:55

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 68 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас, информираат од МВР.