Собрание

Измените на Законот за ДДВ пред собраниската Комисија за европски прашања

31.07.2023 09:07

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска Комисијата за европски прашања ќе ја продолжи 59. седница на која преостаната точка на дневниот ред е Предлог законот за измена и дополнување на Законот за данок на добивка, во скратена постапка...

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска Комисијата за европски прашања ќе ја продолжи 59. седница на која преостаната точка на дневниот ред е Предлог законот за измена и дополнување на Законот за данок на добивка, во скратена постапка.

Како што стои во образложението, целта на предложените измени и дополнувања на Законот за данокот на добивка е усогласување со Директивата 2016/1164 на Советот на Европската Унија од 12 јули 2016 година за утврдување правила против практиките за избегнување данок кои директно влијаат врз функционирањето на внатрешниот пазар, како и препораките од Европската Комисија и од меѓународните финансиски институции.

На истава седница поминаа Предлог законот за данок на солидарност и измените и дополнувањата на Законот за ДДВ, и двата по скратена постапка.