Македонија

Продолжува потрагата по 30-годишниот маж кој исчезна во водите на езерото кај браната Глажња

31.07.2023 09:24

Според ЦУК, се работи за Ф.Р. од село Никуштак, на возраст од околу 30 години...

Се трага по лице кое вчера влегло во водата на езерото кај браната Глажња, меѓутоа не излегло од неа, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК) од Куманово.

Според ЦУК, се работи за Ф.Р. од село Никуштак, на возраст од околу 30 години.

Нуркачки екипи на МВР и денеска ја продолжуваат потрагата по Ф.Р. од селото Нукуштак, кој вчера влегол во водата на езерото кај браната Глажња во Липково и не излегол.

Ноќва акумулацијата била надгледувана од полицајци на ПС Матејче.