Запалена портата на француската амбасада
Поддржувачите на воената хунта која ја презеде власта во Нигер ја запалија влезната врата од зградата на француската амбасада...

Поддржувачите на воената хунта која ја презеде власта во Нигер ја запалија влезната врата од зградата на француската амбасада. Низ главниот град Ниамеј вееја руски знамиња и извикувајќи го името на претседателот Путин, во знак на протест против поранешната француска колонија.
По нападот, реагираше францускиот претседател Макрон, велејќи дека нема да толерира никаков напад врз Франција и нејзините интереси во Нигер, а Париз ќе одговори веднаш и решително во случај на напад врз нејзините граѓани.
Неколку дена откако бунтовничките војници го соборија демократски избраниот претседател на Нигер, сè уште не е познато дали новите водачи на хунтата ќе се свртат кон Москва или ќе се држат до западните партнери на Нигер.
Западноафриканските земји наредија воведување економски санкции и им дадоа рок од една недела на пучистите во Нигер да воспостават уставен поредок, предупредувајќи дека не ја исклучуваат „употребата на сила“.
