Грција
Нов пожар на островот Хиос
31.07.2023 09:53
На грчкиот остров Хиос, во Егејско море, во близина на територијата на Турција, синоќа избувна пожар во шумска област кој набрзо доби големи размери, по што жителите на околните села беа евакуирани...

На грчкиот остров Хиос, во Егејско море, во близина на територијата на Турција, синоќа избувна пожар во шумска област кој набрзо доби големи размери, по што жителите на околните села беа евакуирани.
Во гаснењето учествуваат 90 пожарникари, пет авиони и четири хеликоптери.
Според грчката телевизија, позитивно е тоа што престанал силниот ветер, што им ја олеснило работата на противпожарните единици.
Досега во пожарите низ Грција изгореа 50 илјади хектари шума и вегетација, а ризиците од нови огнени стихии и натаму се големи.
