Вардар на гости во Струмица!
Во речиси решено првенство, последните две кола од ракометниот суперлигашки плеј – оф би требало само формално да го промовираат Металург во шампион.

Со негативен ефект во меѓусебните дуели, веројатно ниту вардарци не се надеваат на чудо, но како освојувачи на Купот не смеат да го уриваат реномето на четвртфиналист на Лигата на шампионите.
Зомимак – Вардар е завршниот дуел од осмото коло. Црвено - црните беа подобри во првата првенствена пресметка во Кале со 29:21 и поради таа победа се на второто или место пред струмичани. Со пет триумфи и три порази, шансата за изненадување Зомимак ќе ја побара во заморот на вардарци. Минатата сезона струмичани му одземаа бод на Вардар којшто сепак не беше клучен за трофејот.
Во претходно одиграните натпревари од оваа рунда, Металург формално како гостин го совлада Металург јуниор со 30:22, додека Пролет и Пелистер одиграа 21:21. Битолчани се петти со 13, Пролет има четири, додека Металург јуниор е без бодови. Преносот од натпреварот Зомимак – Вардар ќе биде на „Прва веднаш по „Метео“.
