Кина
По бурата „Доксури“ наредена евакуација во Пекинг
31.07.2023 09:55
Десетици илјади луѓе се принудени да ги евакуираат своите домови во Пекинг поради рекордните врнежи што ги донесе тајфунот „Доксури“...

Десетици илјади луѓе се принудени да ги евакуираат своите домови во Пекинг поради рекордните врнежи што ги донесе тајфунот „Доксури“.
Од изутрината во прекин е и воздушниот сообраќај. Една од најсилните бури што ја погоди Кина во последните години предизвика големи поплави на југот на провинцијата Фуџијан минатиот викенд поради што над 30 илјади луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.
Пријавени се огромни штети, а туристичките места останаа затворени. Кинеската метеоролошка служба потврди дека црвениот метеоаларм и натаму е во сила.
