Пакистан

Бомбашки напад на политички собир во Пакистан

31.07.2023 10:27

Најмалку 44 луѓе загинаа, а стотина се ранети во самоубиствен бомбашки напад на политички собир на водечка исламска партија во северозападен Пакистан...

Најмалку 44 луѓе загинаа, а стотина се ранети во самоубиствен бомбашки напад на политички собир на водечка исламска партија во северозападен Пакистан.

Цел на експлозијата беше партијата Џамијат Улема-е-Ислам-Ф, владин коалициски партнер предводен од влијателен свештеник. Според властите, во момент на експлозијата на собирот имало околу 400 луѓе.

Експлозијата се совпаѓа со посетата на земјата на висока делегација на кинески официјални претставници, вклучително и вицепремиерот Хе Лифенг. Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф го осуди инцидентот и вети дека ќе ги казни одговорните. Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот.