За седум дена санкционирани 210 непрописно паркирани возила во Центар
Во периодот од 24.07. до 30.07.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 111 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 99 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта...

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје санкционираа 210 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Во периодот од 24.07. до 30.07.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 111 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 99 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението на ЈП ПОЦ.
