Македонија

Неделава „Лајка“ ќе заловува бездомни кучиња во Гази Баба

31.07.2023 10:48

„Имено, нашиот тим на заловувачи оваа недела (31. јули-04.август) ќе заловува во општина Гази Баба и тоа во следните реони: Железара, Фабрика Железара, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Инџиково, Стајковци, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово“, велат од „Лајка“...

Од ЈП „Лајка“ информираат дека од денеска заловувачкиот ти ќе започне со стратешко заловување на бездомни кучиња во општина Гази Баба.

„Имено, нашиот тим на заловувачи оваа недела (31. јули-04.август) ќе заловува во општина Гази Баба и тоа во следните реони: Железара, Фабрика Железара, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Инџиково, Стајковци, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово. Втората недела од стратешкото заловување, од 07-ми до 11-ти август нашиот тим ќе заловува во Раштак, Булачани, Виниче, Црешево, Смилковци, Страчинци и Брњарци. Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче коешто ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман“, велат од „Лајка“.

Доколку граѓаните од гореспоменатите реони имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на [email protected]

Исто така граѓаните може и да помогнат во акцијата, со тоа што сами би пријавиле бездомно куче, кое можат сами да го донесат во стационарот со претходна најава, се наведува во соопштението на „Лајка“.