Тетово

22 години од загинувањето на полицаецот Цоки Стојановски во воениот конфликт во 2001 година

31.07.2023 12:04

Со положување на цвеќе пред спомен бистата во полициската станица за безбедност на патниот сообраќај во Тетово, беше одбележана 22-годишнината од загинувањето на полицаецот Цоки Стојановски, кој за време на воениот конфликт беше смртно застрелан при напад на полициски пункт во Тетово...

Роднини, пријатели, претставници од полицијата и армијата, со положување на букет цвеќе пред спомен бистата во полициската станица за безбедност на патниот сообраќај во Тетово, ја одбележаа 22-годишнината од загинувањето на полицаецот Цоки Стојановски. Тој во воениот конфликт во 2001-ва година, во заседа, при напад од пушкомитралези и минофрлачи, беше смртно застрелан на полицискиот пункт кај поранешно Радио Тетово.

Цоки Стојановски, кога беше најтешко не ја заборави татковината. И, со прострелна рана продолжи да војува, бранејќи го Тетово, се до кобниот ден кога на полицискиот пункт згасна неговиот живот на 28 години, оставајќи зад себе сопруга е две дечиња“, низ тага накусо зад камера ни раскажаа неговите роднини.

На 22-годишнината од неговото загинување, утринава на градските православни гробишта во Тетово се одржа помен парастос во негова чест.

 

Зоран Димовски