Битола

Цевководите на ХМС „Стрежево“ работат со полн капацитет

31.07.2023 12:04

Без ХМС „Стрежево“ Пелагонија одамна ќе наликуваше на пустина. Еден од најмодерните и најголеми хидросистеми на Балканот и ова пеколно лето на висина од задачата. Земјоделците на располагање имаат огромни количини на вода за наводнување по старата досегашна цена од еден денар за потрошен метар кубен вода …

За разлика од некои наши хидросистеми кој им задаваат големи главоболки на земјоделците во шпицот на наводнувачката сезона битолското „Стрежево“ за еден месец испорача рекордни 12 милиони метри кубни вода.

Без „Стрежево“ одамна Пелагонија во пеколните лета ќе наликуваше на пустина вели земјоделецот Трајан Шулевски. Неговите раноградинарски култури опфатени на околу четири хектари вели и во топлотниот пекол не останале жедни а цената на водата од еден денар за кубен метар е најмалата производна ставка.

И при евентуален августовски топол и сушен бран од „Стрежево“ велат дека состојбите во акумулацијата говорат дека нивото на биолошкиот минимум е многу далеку.

Граматковски ветува дека и понатаму мобилните екипи ќе делуваат и при најмал дефект. Но апелира и за фер односот на земјоделците односно навреме да си ги платат своите сметки во спротивно претпријатието ќе преземе соодветни правни законски мерки.

 

 

 

Стевче Митревски