Наградени тројцата најдобри на промоцијата на 23. класа потпоручници на Воената академија
Промовирани 32 потпоручници, 27 во Македонската армија, петмина од Црна Гора и Босна и Херцеговина. Секој од нас имаше уникатно патување, исполнето со моменти на триумф, но и неволја. Искуствата не направија посилни, Никола стекнавте знаења и вештини вредни за вистински офицер на НАТО, порача Петровска на новата класа потпоручници...

Секој од нас имаше уникатно патување, исполнето со моменти на триумф и моменти на неволја. Тие искуства не направија посилни и поврзани во заедничката посветеност на извонредност и услуга на нашата нација, рече Никола Антески, најдобро рангираниот поручник.
„Воената академија „Михајло Апостолски“ претставува света институција која создаде генерации кои се соочија со конфликти, кризи и природни катастрофи, со воздигнувања и падови“, истакна деканот на Академијата.
На свеченоста беа промовирани 32 потпоручници, 27 во Македонската армија, петмина од Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Во воената академија „Генерал Михајло апостолски“ во Скопје беше промовирана 23-тата класа потпоручници на Воената академија. На Никола Антески, Јована Софрониоска и Наум Спироски им беа врачени награди за најдобри резултати.
Ана Јосифоска Тодоровска
