Пучистите во Нигер ја обвинуваат Франција дека сака воено да интервенира
Се разгорува тензијата во Нигер. Војниците кои го соборија претседателот Мохамед Базум ја обвинуваат Франција дека сака воено да интервенира за да го врати претседателот на неговата функција...

Се разгорува тензијата во Нигер. Војниците кои го соборија претседателот Мохамед Базум ја обвинуваат Франција дека сака воено да интервенира за да го врати претседателот на неговата функција.
Поддржувачите на хунтата на вчерашните протести ја запалија влезната врата од зградата на француската амбасада. Низ главниот град вееја руски знамиња и извикувајќи го името на претседателот Путин.
По нападот, реагираше францускиот претседател Макрон, велејќи дека нема да толерира никаков напад врз Франција, а Париз ќе одговори веднаш и решително во случај на напад врз нејзините граѓани.
