МВР

Пронајдени двајцата кинески државјани кои вчеравечер се изгубиле кај кањонот Матка

31.07.2023 13:37

Вчера во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во пределот на кањон Матка се изгубиле две лица, државјани на Народна Република Кина...

Вчера во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во пределот на кањон Матка се изгубиле две лица, државјани на Народна Република Кина. Полициски службеници од Полициското одделение Сарај излегле на местото и со брза интервенција и преземени  активности за кусо време лицата биле пронајдени во околината на манастирот „Св.Никола Шишевски“.

Двете лица, маж и жена, биле во релативно добра здравствена состојба, но со знаци на дехидрираност и замор, по што безбедно биле симнати во с.Долна Матка, каде што од страна на екипа од Итната медицинска помош им била укажана лекарска помош, а потоа биле однесени до местото каде престојуваат во Скопје, информираат од МВР.