Стартува концептот едношалтерски систем за заеднички контроли на Ќафасан
Од денес воспоставен едношалтерски систем за заеднички контроли на граничниот премин Ќафасан. Граничните формалности со едно застанување, според владите на двете земји ќе значат олеснување на трговијата, транспортот и протокот на патници. Се олеснува работата на 11 илјади компании од земјава кои тргуваат и полесен пристап до туристичките места во двете земји, истакна премиерот Димитар Ковачевски...

Започна концептот „One-stop shop“ на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане. Од денес е воспоставен едношалтерски систем за заеднички контроли од македонска и албанска страна. Граничните формалности со едно застанување, според владите на двете земји ќе значат олеснување на трговијата, транспортот и протокот на патници.
Се олеснува работата на 11 илјади компании од земјава кои тргуваат со други држави, но и пристапот до туристичките места во двете земји, истакна премиерот Димитар Ковачевски.
„Денес овозможуваме побрз проток помеѓу нашите граѓани и двете држави, побрз проток на компаниите кои транспортираат производи на најголемиот граничен премин помеѓу двете држави. Овозможувањето на проток на луѓе и капитал истовремено ги зголемува и врските помеѓу луѓето и комуникацијата“, истакна премиерот Ковачевски.
„Се надевам дека ова само еден чекор кон тоа што вие го велите надминување на сите административни пречки на границите помеѓу сите наши земји во регионот“, рече првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Груби.
Овој проект, кој започна во 2018 година ќе придонесе поефикасна и поконкурентна економија, но и забрзан регионален економски раст и развој.
„Овој е важен момент затоа што конечно значително го олеснуваме преминот во овој момент и даваме дополнителен поттик не само на комерцијалните размени, туку и на развојот на нашата трговија како целина, без да го заборавиме развојот на туризмот. Албанија оваа година доживува извонреден пакт за трансформација“, истакна премиерот на Р. Албанија, Еди Рама.
На Балканот не му требаат граници, рече премиерот Ковачевски, кој за следните пет години ја најави изградбата на Коридорот 8, исто така го најави и проектот железничка пруга од Кичево до Лин и изградба на суво пристаниште во Струга.
Соња Рилковска
