Собрание

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данок на добивка проследен на натамошна собраниска постапка

31.07.2023 14:17

Комисијата за европски прашања даде виза за Предлог законот за измена и дополнување на Законот за данок на добивка, во скратена постапка. Претходно на опозициската ВМРО-ДПМНЕ им беа одбиени амандмани со кои бараа да се избришат одредени одредби во овластува на даночните инспектори и за финансиска поддршка на спортот...

Во Комисијата за европски прашања поминаа и последните измени во Законот на данокот на добивка, кои се во процедура со европско знаменце. Одбиени се двата амандмани на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, се бришење на одредбата со која на даночниот инспектор му се дава дискреционо право да ги казнува компаниите и со петкратен износ поголем доколку реинвестирана добивка не ја инвестираат во соодветни области. Забелешки имаа и за законските одредби, според кои, ќе се укине финансиската поддршка за спортот.

Заменик-министер за финансии, Николовски ги отфрли предлозите на опозицијата со образложение даночниот систем е адекватен и спречува злоупотреби од правните и физичките лица.

Комисијата претходно даде виза за Предлог-законот за данокот на солидарност и данокот на додадена вредност.

 

 

Игор Панов