АНАЛИТИЧАРИ

Депонираните оставки на функционерите на ДУИ ќе го засили притисокот врз опозицијата, оценува Арсовски

31.07.2023 14:35

Според Арсовски, на опозицијата се потешко ќе и успева да маневрира дека е за европска интеграција. Не очекува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го промени ставот . Муслиу пак со став-откажувањето од премиер Албанец нема да влијае врз албанските гласачи, за нив се важни евроинтеграциите.

Премногу блиску сме до избори, вонредни или редовни за ковертираните оставки на функционерите на ДУИ да имаат влијание врз одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да даде зелено светло за уставните избори, смета аналитичарот Петар Арсовски. Според него, овој потег ќе го засили притисокот врз опозицијата, но, не очекува дека ќе биде постигнат посакуваниот ефект.

„Опозицијата ќе излезе на површина, ќе им се стесне маневарот. Потребен е поширок контекст“, вели Арсовски.

Компромисниот предлог на ДУИ е „Соломонско“ решение и треба да има влијание, доколку опозициската ВМРО-ДПМНЕ е сериозна во нивните барања – оценува аналитичарот Муслиу. Што се однесува до откажувањето од предизборното ветување за премиер Албанец, тој вели дека за електоратот во албанскиот кампус, евроинтеграциите се приоритет.

Факт е дека оставките на ДУИ се само до следните избори, како и дека тие не се подготвени да одат во опозиција, согласни се аналитичарите. Тоа би било политичко самоубиство во најава, оценува Арсовски. Тој вели дека иако не е тајна оти ДУИ не е посакуван политички партнер за ВМРО-ДПМНЕ, сепак, тоа ќе зависи од резултатите на изборите.

 

Марина Стојанова Тонева