Хрватска и БиХ: Поплавите ја однесоа основната егзистенција на луѓето

20.05.2014 17:04

Уништени домови, празни села, луѓе кои останаа без основна егзистенција, таква е денеска сликата во делови од Хрватска и Босна и Хрецеговина.

Војската и жителите почнаа да ги санираат штетите. Во Босна е прогласен ден на жалост.

„Во селото во кое живееме има околу 600 жители, сите се евакуирани, но не успеавме да го спасиме добитокот, незнам што ќе правиме откако ќе се повлече водата...Единаесет села неколку дена се целосно отсечени од светот, животот на околу 7.000 жители е во опасност“, велат жителите.

Претседателството закажана вонредна седница. Свлечиштата носат цели села, заразните болести се најголема опасност.  Градоначалникот на Преједор соопшти дека по повлекувањето на водата се пронајдени неескплодирани мини. Состојбата во Добој е надвор од контрола. Луѓето немаат вода и храна. Генералниот секретар на НАТО, Расмунсен утре ќе го посети Сараево.

„Мислевме дека ќе помине, но тоа е што е“, додава друг жител.

Нивото на Сава во Хрватска почнува да се намалува,каде што поплавите  однесоа два живота. Спасувачките екипите се на терен и ја контролираат состојбата со насипите кои одвај го издржуваат притисокот на водата.

Дојдовме да им помогнеме на луѓето на кои им е неопходна помош, состојбата е многу лоша“, сведочат загрозените жители.

Претседателот Јосиповиќ повика да не се шират дезинформации дека во поплавените подрачја се вршат грабежи.

Во моментов најлоша е состојбата во Дреновци. Војската и жителите цела ноќ поставувале вреќи со песок за да ја спречат водата која надоаѓа. Железничкиот сообраќај е во прекин. Во некои делови продолжува евакуацијата на населението. Македонскиот претседател Иванов во телефонски разговор со хрватскиот претседател Јосиповиќ и со членот на претседателството на Босна и Херцеговина Комшиќ понудил помош за санирање на последиците.

 

 

Марија Петковска