Бета каротен - природна заштита од сонцето
Бета каротенот штити од изгореници, го чува здравјето на очите и придонесува за здрава бременост...

Бета каротенот ја штити кожата од штетното зрачење на сонцето, иритација, црвенило и изгореници. Провитамин кој во човековото тело се трансформира во витамин А, спаѓа во групата на антиоксиданти кои го зајакнуваат имунолошкиот систем и го штитат телото од штетните слободни радикали, што е главната причина за стареење и дегенерација. Со неутрализација на слободните радикали бета каротенот ја штити кожата од штетното дејство на УВ зраците и го спречува стареењето на клетките.
Истражувањата покажале дека витаминот А припаѓа на групата на најважните витамини за време на бременоста и доењето. Витаминот А игра важна улога во здравиот развој на фетусот и новороденчето, а развојот на белите дробови и созревањето се особено важни. Овој витамин е особено важен за доенчиња и мали деца да изградат силен имунолошки систем.
Бета каротенот штити од изгореници, го чува здравјето на очите и придонесува за здрава бременост. Тој е чувар на здравјето на нашите крвни садови и срцето.
Во храна која е богата со бета-каротен спаѓаат моркови, кајсии, аспарагус, брокула, кинеска зелка, лук, лисја од глуварче, грејпфрут, билки и зачини – чили во прав, оригано, магдонос, кељ, кечап, кромид, грашок, пиперки, сливи, тиква, спанаќ и сладок компир. Морковот е екстремно богат со бета каротен.