Димитар Башевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата
Башевски е добитник на наградата за неговата поетска збирка „Дни, години“...

Познатиот македонски поет, романсиер, книжевен преведувач и издавач Димитар Башевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија. Башевски е добитник на наградата за неговата поетска збирка „Дни, години“ во издание на СЛОВО.
Станува збор за книга со длабоки животни промислувања кажани преку наизглед едноставен поетски јазик.
Башевски е застапуван во поголем број антологии на македонската литература во земјата и во странство и во македонските енциклопедии. Неговите книги се преведувани и објавувани на англиски, чешки, грчки, романски, српски, турски, бугарски, црногорски и албански јазик.
