Здравство

29 лица под надзор поради контакт со пациентката која почина откако била касната од крлеж

31.07.2023 21:04

Одлуката за здравствен надзор е поради тоа што болеста може да се пренесе и преку контакт со заразено лице, а не само преку каснување од крлеж...

Здравствените работници кои биле во контакт со 27-годишната пациентка од Штип, која почина откако била касната од крлеж се ставени под надзор. Инсектот кој бил изваден од кожата во домашни услови и пренел на жената Конго-кримска хеморагична треска која се развила неколку дена подоцна. Пациентката била хоспитализирана во штипската болница, а потоа и на Инфективната клиника во Скопје.

Жената добила Конго-кримска хеморагична треска, болест за којашто нема лек. Одлуката за здравствен надзор е поради тоа што болеста може да се пренесе и преку контакт со заразено лице, а не само преку каснување од крлеж. Вкупно 29-мина треба да внимаваат.